Нов бран македонски навивачи вечерва ќе заминат за Задар, Хрватска.

Под мотото “Срце за Македонија“ Агенцијата за Млади и Спорт ќе испрати  автобуси со македноски навивачи  за да ја бодрат машка ракометна репрезентација на претстојните натпревари од вториот круг на Светското превенство во Хрватска.

Рибари, комити, шкембари, војводи, пирати, лавови и други обединето и сполтени ко еден патуваат во Задар да ја бодрат нашата репрезентација на мечевите против Норвешка, Данска и Србија.

Заедно со навивачите ќе патува и директорот на Агенцијата за млади и спорт.

ohridnews