Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска  ќе го објави годинашниот втор Jавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата, кој ќе трае до 15 септември годинава.

Финансиските средства се наменети за мерката 101 – инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на европските стандарди, за мерката 103 – инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за мерката 302 – диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-страницата на Агенцијата њњњ.ипардпа.гов.мк илињњњ.па.гов.мк, како и лично во приемницата на Агенцијата или нејзините работни единици од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

OhridNews