Нептун годината ја финишира со одличен старт – нов изглед на својата продавница на истата локација, достапна за сите жители на градот и околината.

Имено, во петок, на 22.12 во 12.00 часот Нептун ги отвора вратите на својата продавница, со сигурност најимпресивната во овој дел на Републиката, на истата локација, но, со нов премиум изглед, на ул. „15-ти Корпус“, бр. 45А.

По овој повод, во периодот од 22 до 25 декември 2023 година, сите потрошувачи ги очекуваат попусти до 50%, подароци и ексклузивни понуди, како и двојно повеќе поени на haPPy картичката, поволности креирани специјално за оваа пригода.

Новата Нептун продавница на потрошувачите им нуди богат избор на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Со отворање на новата продавница Нептун Македонија продолжува да работи на унапредување на врвното шопинг искуство со огромен избор на производи, но и можноста потрошувачите да ги видат и да ги тестираат производите, со поддршка од професионален и обучен персонал за стручна помош при избор на уред.

Нептун Македонија останува верна на принципите на кои е основана компанијата, продолжувајќи со инвестиции, а во насока на задржување на лидерската позиција на најголема технолошка оаза во регионот.

OhridNews/PR