Репрезентативците на Македонија до 20 години испишија нова страница во ракометната историја откако обезбедија пласман на Европското првенство во Австрија.
Во последниот натпревар од квалификациите избраниците на селекторот Зоран Петковски ги совладаа врсниците од Исланд со 21-15 и на страна ги оставија сите математики кои се правеа пред почетокот на мечот.
Македонија билетот за ЕП во Австрија го „чекираше“ со три победи во исто толку натпревари во квалификациите кои се одиграа во Скопје.
Во победата над „рибарите“ брилираше Талески со 11 погодоци, а голманот Иваноски имаше 14 усшпешни интервенции.
Мх.П.