Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас во тимот на Наполи ќе остане до 2025 година откако двете страни потпишаа договор за нова соработка.
Елмас во дебитанската сезона во Серија А одигра добро натпревари и стекна доверба кај тренерот Џенаро Гатузо, што резултатираше со нов и побогат договор.
Покрај македонскиот фудбалски репрезентативец нови договори потпишаа Џовани ди Лоренцо и Марио Руи. Наполи следната година ќе игра во фазата по групи во Лигата на Европа, како победник во Купот на Италија.
OhridNews