Нов Еразмус+ проект на охридската гимназија „Од отпад до уметност за одржлива иднина“. Нашата гимназија успешно започна уште еден Еразмус + проект во партнерство со Реунион, Турција, Португалија, Литванија и Романија, велат од училиштето.
Во рамките на проектот координаторот проф. Вера Јовческа и проф. Даниела Спироска беа на состанок во Реунион од 22.11. до 26.11.2022 каде беа дефинирани активностите што ќе следат. Проектот ќе трае две години и е во насока на подигање на свеста и развивање на вештини за зачувување на животната средина и одржлив развој, додаваат од училиштето.
Краток видео приказ од почетокот на проектот можете да видите ТУКА.
OhridNews