Екипата на Ливерпул го продолжува походот кон титулата во Лига купот, откако на Енфилд после неверојатни деведесет минути и пенал рулет го елиминираше Арсенал. Регуларниот дел од мечот заврши 5-5 а „црвените“ во изведувањето пеналите ги реализираа сите пет додека „топчиите“ промашија еден.

Ливерпул поведе со 1-0 а Арсенал возврати со три погодоци за водств 1-3. Домаќините намалија на 2-3 но гостите ја вратија предноста 4-2. Избраниците на Јирген Клоп со два голови стигнаа до егал 4-4. Арсенал повторно поведе со 5-4, а Ливерпул најде начин и израмни и обезбеди пенал рулет. Таму, Ливерпул не погреши а Арсенал еднаш, што се покажа доволно за елиминација.

Резултати: Ливерпул – Арсенал 5-5 (5-4), Астон Вила – Саутемптон 2-1, Челси – Мен Ју 1-2

OhridNews