Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и на Олд Трафорд ќе остане најмалку уште две сезони.
„Црвените ѓаволи“ играат како препородени од рестартот на сезоната во англискиот фудбал а една од причините е разигрувањето на Матиќ. Српскиот репрезентативец со своето искуство внесе мир и стабилност на средината од теренот и е констатна поддршка за Пол Погба и Бруно Фернандес.
Бравура на Гризман после асистенција на Меси
Французинот Ентони Гризман и фудбалскиот виртуоз Лионел Меси го искомбинираа најдобриот погодок на Барселона сезонава. Гризман со лоб удар после додавање со петта од Меси ја затресе мрежата на Виљареал. Барселона на крајот од мечот славеше триумф 4-1.
Ножички во „Секунда“, цел свет воодушевен од погодокот на легендарниот „Риазор“
Фудбалерот на Депортиво ла Коруња, Сантош постигна фантастичен погодок затресувајќи ја мрежата на Хуеска со ножички. Погодокот поради ножичките е спектакуларен, но на тежина добива поради тимската акција која ја креираше домашниот состав. Голот на Сантош сигурно ќе биде во финалниот избор за погодок на сезоната.
OhridNews