Тренерската работа во фудбалот може биде многу (не)благодарна. На своја кожа двете страни ги осети Мартин О`нил, кој во една година доби нов договор и отказ од селекцијата на Република Ирска.

За пласманот во 1/8 финалето на Европското првенство во Франција искусниот фудбалски стручњак доби нов договор, а после неуспехот во квалификациите за Мундијалот и Лигата на Нации лечниците на федерација и селекторот ја прекинале соработката.

  • Сакаме да му се заблагодариме на Мартин О`нил, Рој Кин и целиот стручен штаб за соработката со националната селекција. Со нив доживеавме многу убави работи, а посебно на Европското првенство во Франција кои уште долго време ќе ги прераскажуваме. – стои во соопштениет од Ирската фудбалска федерација.

О`нил кормилото на ирската репрезентација го презеде 2013 година и на почетокот бележеше добри резултати. Последнава година „детелените“ забележаа само една победа на 11 натпревари и разделбата беше неизбежна.

OhridNews