Британската полиција е во голема потрага по можниот сериски убиец кој напаѓа и убива проститутки слично како и легендарниот Jack the Ripper (Џек Мевосек) пред повеќе од 120 години.

.
Полицијата во голема потрага по убиецот

Во близина на градот Ипсвич, досега се пронајдени 5 тела на тнр. „секс работнички“ кои се убиени на многу сличен начин. Проститутките во овој град се во паника поради можноста убиецот да е клиент.

Анонимна „пријателка на ноќта“ изјави: „Некои од моите колешки се скаменети од страв и се плашат да работат. Тој очигледно ги планира убиствата и мора да е „локалец“ бидејќи премногу добро ја познава околината.“

Полицијата темелно ги испитува и останатите проститутки во потрага по идентитетот на убиецот. Иако полициските авторитети сеуште одбегнуваат да го употребат изразот „сериски убиец“, сепак во медиумите се прават паралели со некои слични случаи во минатото, но пронаоѓањето на пет тела за само десет дена е „без преседан“.