Ќе ги содржи сите пропратни простории како што се операциона сала, сала за реанимација и анестезија, помошни простории и нов рендген кабинет со современ статичен рендген апарат кој ќе биде дониран, а ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите што им се даваат на пациенти како од Македонија, така и од Албанија и Косово.
Инаку, со секој купен производ на скопската компанија „Жито Лукс“ деновиве, купувачите стануваат дел од хуманитарната акција за помош на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Средствата од акцијата која ќе трае до сабота ќе се донираат во детскиот ортопедско – трауматолошки оддел при оваа болница.
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ годинава слави 60 години од своето постоење.