Поради настанат дефект на водоводната мрежа – скината цевка од страна на изведувачот на градежните работи на улицата „Абас Емин, денес ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на следните улици: дел од „Македонски Просветители“, „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и „Охридска Бригада“.

Aпелираме до корисниците од ова централно градско подрачје за трпение и разбирање, бидејќи вакви непријатни и ненајавени прекини ќе има и во периодот што следи, се додека се изведуваат градежните работи на улицата „Абас Емин“ – истакнуват од ЈП „Водовод“ Охрид.

OhridNews