Натпреварите од плејофот во ракометната Супер лига наместо в сабота на 6 март ќе започнат ден порано, односно на 5 март (петок), одлучи Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Куќата на ракометот на ваков чекор се одлучи поради репрезентацијата, која под палката на новиот селектор Кирил Лазаров собирот за квалификацискиот двомеч со Светскиот првак Данска ќе го започне на 6 март.

Охридските „гладијатори“ во првата рунда од плејофот кој е еден од најдобрите досега во Македонија ќе се сретнат со Бутел Скопје, на теренот од противникот. Во преостантите двојки силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер – Струга, Вардар – Еурофарм Пелистер 2, Пролет – Металург.

  • Двојки:

Еурофарм Пелистер – Струга

Вардар – Еурофарм Пелистер 2

Бутел – Охрид

Пролет – Металург

OhridNews