Регулаторна комисија за енергетика го донесе новиот ценовник за прикучоци и трошковникот кој го одобри на ЕВН. Според ценовникот, граѓаните кои ЕВН ги исклучила поради неплатени сметки, наместо како до сега да плаќаат над 1.700 денари за повторен приклучок или 2.500 за веднаш да добијат струја, сега ќе треба да платат 440 денари.
Од денеска 370 евра ќе чини нов приклучок за струја, наместо 500 евра како до сега. Двоењето на броилата како и приклучокот од монофазна на трофазна од 500 се намалува на 200 евра. Велат целта е да се намалат трошоците на граѓаните, но и на ранливите категории кои најчесто заглавувале со сметките за струја.
OhridNews