Охридските таеквондо клубови ХВА РАНГ ИТФ и ХВАРАНГ ФИСТ и МАСТЕР викендов што измина зедоа учество на меѓународниот отворен Таеквондо ИТФ турнир Лозница 2015, кој се одржа во Лозница, Република Србија.
Под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан (светски вицешампион Прага ’96) и Саша Поповски (црн појас V дан), нашите натпреварувачи на завршниот турнир за оваа година освоија 16 медали, што претставува најголем број на освоени медали во текот на оваа година на еден турнир.
На турнирот во Лозница ХВА РАНГ отпатува и со дебитанти од помладите години, кои за прв пат се појавија на борилиштата и како за прво вакво натпреварување беа и повеќе од солидни.
Фантастичен настап имаше малата Елена Јанеска која се закити со злато во категорија девојчина до 10 години – 40 кг. Таа до првото место ги елиминира претставничките на Словенија и Србија.
Исто така во категорија деца до 10 години -30 кг, браќата Марио и Давид Крстески го поделија третото место, а во елиминации ги совладаа претставниците на Словенија и Босна, но за жал полуфиналните борби ги загубија со одлука на судиите, кои и овај пат беа пристрасни,но како за прв натпревар тренерот Лазаревски вели дека е презадоволен од нивниот настап.
Филип Јосифоски кој е моментално и најдобар борец од Македонија, освои четири медали, два златни и два бронзени, што во моментов го прави најтрофеен македонски борец. Во форми за црн појас I дан, јуниори освои трето место, а во форми црн појас I дан сениори исто така освои трето место. Во спаринг борби тој освои злато во категорија -64 јуниори, каде во финале се најде со Александар Јованоски кој е исто така наш натпреварувач.
Тоа беше и најголемиот успех на овој турнир, гледавме македонско финале во Србија. Исто така освои злато и во спаринг борби јуниори -63 кг, каде Филип се најде со Адам Херцог, хрватски репрезентативец, кој од Филип исто така загуби во финалето во Кула. Во Лозница, Филип доминираше во борбата и истата ја заврши атрактивно.
Александар Јованоски освои три медали, два сребрени и една бронза. Во дисциплина форми јуниори до син појас освои трето место, форми до син појас сениори освои трето место, спаринг борби -64 сениори освои второ место загуби во финале од Филип, додека во јуниори -63 кг, за жал испадна во елиминации од претставникот од Босна, но тоа беше последица на настинката на Александар кој последната недела пред натпревар ја помина без тренинг.
Останатите освојувачи на медали од нашите претставници се:
Давид Велковски второ место борби спаринг -50 кг деца 12-13 год.
Антонио Јанески трето место борби -45 кг деца 12-13 год
Јане Димов трето место борби +60 кг деца 12-13 год
Михаил Иваноски трето место борби -45 кг деца до 10 год
Дејан Латинокси трето место борби +60 кг деца 12-13 год
Христијан Митрески 3 место форми зелен појас деца 12-13 год
За жал на овај турнир со медали не се закитија Јован Џајкоски, Стефан Каланоски, кои прикажаа одлични борби, и Божидар Димитриевиќ кој во негова категорија немаше противници во деца 10-11 год, па беше ставен во категоријата на деца 12-13 години. Иако прикажа одлична борба и храброст за жал возраста го направи своето.
„Минатата година се радувавме на бронзен медали на вакви големи турнири, но со огромната поддршка на нашите генерални покровители ПН МЕТАЛ и НОМА МЕТАЛ веќе и златото почна да доаѓа во наши раце, воедно користам да изразам огромна благодарност до нашите спонзори, кои се најголемите „виновници“ за нашите успеси“, – рече Марјанчо Лазаревски, тренер на екипата ХВА РАНГ ИТФ.
Историски успех на охридските теквондисти во Бугарија
Ohridnews