Со последниот бран вработувања во Општина Охрид ќе се примаат уште 30 вработени и 4 приправници.

Во текот на вчерашниот ден  се спроведоа интервјуата на 120-те поканети пријавени кандидати кои претходно полагаа тест.

„Во сите општински сектори имаме потреба од разни стручни профили“, вели раководителот на Одделението за човечки ресурси и претседател на Комисијата за вработување, Ранко Крстески.

Интервјуирањето е последната постапка на новиот бран вработувања, а од понеделник „ќе падне“ и одлуката кој ќе биде вработен во општината согласно огласот 08 од 2008 година.

Ohridnews