Блумберг соопшти дека центарот на Менхетен сè уште е без струја, како и делови на Бруклин и дека за обнова на мрежата ќе треба време.
Околу 4,7 милиони домови и бизнис простор во 15 американски држави немаа струја во четврток, но тоа е подобрување бидејќи претходно без струја беа 8,5 милиони домаќинства.
Со тоа беше надминат рекордот на оштетувања предизвикани од ураганот Ајрин, кој лани без струја остави 8,4 милиони корисници.
Снабдувањето со струја во Њујорк целосно ќе биде нормализирано до 11 ноември, по оштетувањата на мрежата што ги предизвика ураганот Сенди, соопшти компанијата „Кон Едисон“.
Компанијата појасни дека има околу 100 илјади случаи на паднати дрвја и други предмети, кои ги прекинале каблите на електромрежата и ќе биде потребно време за поправки.
извор:„Макфакс“
фото: „yahoo.com“