Од Општина Охрид информираат дека по завршувањето на активностите на оваа локација, механизацијата и екипите кои се задолжени за асфалтирање, ќе се префрлат на „Кеј Маршал Тито“ каде што ќе бидат асфалтирани уште две помали приклучни улички.
Според планот за реконструкција на улици, потоа ќе следи асфалтирањето на улиците „Лазо Трапоски“ и „Никола Карев“, за чија што реализација општината има издвоено вкупно 7 милиони денари од Буџетот за 2010-та година. Со околу 3 милиони денари нов асфалт ќе добие и улицата „Пере Тошев“, а планирано е да се асфалтираат и улиците во село Лескоец. Според најавите, доколку дозволат временските услови, сите претходно споменати улици ќе бидат реконструирани за околу еден месец, односно ќе бидат завршени до средината на мај.
Покрај реконструкцијата и асфалтирањето на улици, општинските служби деновиве, интензивно работат на пролетното санирањето на коловозите и тротоарите на повеќето сообраќајници.