Како се градат новите улици прашуваат граѓани од населбата Далјан, кои се пожалија дека штотуку асфалтираната сообраќајница плива во вода. Дождот кој изминатите денови интензивно врне создаде вирови на повеќе места.
Во Охрид деновиве наврнаа најмногу литри дожд на метар квадратен, што предизвикува проблеми, но граѓаните на Далјан кои ги испратија овие фотографии до нашатѕа редакција, велат дека е недозволиво сега улиците да се градат „како некогаш“, непрецизно, без да се предвиди падот на водата и начинот на кој ќе се собираат атмосферските води.
OhridNews