Од денеска e во функција новиот алгоритам за пациенти заболени со КОВИД-19, согласно кој еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11-тиот ден.

Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, не се однесува на хоспитализираните пациенти, објаснува министерот за здравство Венко Филипче.

Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста, ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.

За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест. Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ), информира миниостарот за здравство Венко Филипче.

OhridNews