Албум со снимки на првиот и последен настап во живо на Витни Хјустон ќе биде објавен на 11 неомври. “Whitney Houston Live: Her Greatest performances” е прв албум во живо на славната американска пејачка, за кој продуцентот Клајв Дејвис рекол дека го претставува наследството на Витни. Тој навел дека албумот е показател на нејзината историска позиција на самиот врв, покрај Арета Френклин и Барбара Стрејсенд, како една од најголемите пејачки на сите времиња.

Албумот кој се состои од ЦД и ДВД, го содржи гостувањето на Витни во едно ТВ шоу од 1983 година во кое ја изведува песната “Home” од бродвејскиот мјузикл “The Wiz” како и нејзиниот настап во емисијата на Опра Винфри од 2009 година. Витни Хјустон во 2012 година е пронајдена во хотелска соба во Лос Анџелес. Имала 48 години.