Американската поп ѕвезда Лејди Гага ќе го објави својот нов албум “ARTPOP” на 11 ноември, било истакнато во соопштението на веб страната на пејачката. Како што пренеле агенциите, шејачката која на почетокот на годинава откажала дел од турнејата поради операција на колкот, првиот сингл од албумот ќе го објави на 19 август.
Гага, позната по своите несекојдневни настапи, на први септември ќе објави и една апликација за друштвените мрежи, за која вели дека ги спојува музиката, уметноста, модата и технологијата.