Шест години од својот последен албум, британскиот состав „The Cure“ најавил нов материјал. Според медиумите, 14-от студиски албум на групата ќе носи наслов “4:14 Scream”. Снимен како и претходниот, “4:13 Dream”, новиот албум ќе се појави на пазарот во наредните неколку месеци, заедно со серија ДВД од настапите во живо на бендот.

Групата на Роберт Смит планира и турнеја кон крајот на оваа година, која како и претходните две ќе биде одржана во стил на концептот  “Trilogy”, односно настапи на кои во целост ќе ги изведат три свои албуми. Овој пат тоа ќе бидат албумите “The Top”, “The Head On The Dooe” и “Kis Me Kiss me Kiss me”, снимени во осумдесеттите години. Во меѓувреме, бендот ќе одржи два добротворни концерти, на 28 и 29 март во лондоснкиот Ројал Албери Хол, чиј приход ќе биде наменет за Фондацијата за Млади оболени од рак.