Британскиот музичар Дејвид Боуви издава нов албум за својот 66 роденден, јавиле медиумите, потсетувајќи дека претходниот свој албум „Reality“ го издал пред точно десет години. Боуви, кој наполнил 66 години, ја објавил песната „Where Are We Now?“ од албумот „The Next Day“, кој во продажба ќе се најде од март.

Својата музичка кариера ја започнал во шеесеттите години од минатиот век и станал познат по големите хитови меѓу кои и „Let’s Dance“, „China Girl“, „Fame“ i „Dancing In the Street“, како и филмовите „Среќен Божик господине Лоренс“ и „Човекот кој паднал на земјата“.