Министерот за надворешни работи и носител на листа на ИЕ 5 на Коалцијата „За подобра Македонија“, Антонио Милошоски денеска ќе посети повеќе институции од културата и културно историски знаменитости во Охрид.
Милошоски посетата на Охрид попладнево ќе ја започне со разгледување на Плаошник и Античкиот театар. Носителот на листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во 5-ка, ќе ги посети дирекцијата на фестивалот Охридско лето, градската библиотека и Центарот за култура во Охрид каде ќе присуствува на изложбата “ЧЕТЕРИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА“ . Предвидено е Милошоски вечерва да присуствува и на добротворниот концерт кој го организира Младинскиот совет од Охрид.