Една 65-годишна германка која веќе има 13 деца и седум внуци, повторно е бремена и носи четворка, објавиле германските медиуми. Така учителката Анегрет Рауник, инаку во 21 седмица од бременоста, би можела да стане најстарата мајка на четворка во светот. Иако веќе има голем број деца, германката која живее во Берлин се одлучила на вештачко оплодување за да ја исполни желбата на најмладата, деветгодишна ќерка која сакала да има помлад брат или сестра.

 

Меѓутоа, учителката по руски и англиски јазик која оваа година оди во пензија, открила дека не е загрижена за бременоста и покрај поодминатите години. Но, признала дека била шокирана кога на ултразвук прегледот констатирале дека носи четворка. Рекла дека воопшто не се плаши од бременоста. Важно било да биде здрава и во добра форма. Додала дека претходното дете го родила на 55 години.