Вчера околу 02,30 часот во Струга на ул.„Арсение Јовков“, од страна на полициски службеници било запрено ПМВ„Фолксваген Голф“ каде како сопатник бил Е.В.(20) од с.Велешта – струшко. При извршениот личен преглед кај Е.В. во појасот е пронајдено огнено оружје – пиштол марка „М-57“ калибар 7,62мм и рамка со девет куршуми, што го поседувал без дозвола.
Со потврда за привремено одземени предмети пиштолот е одземен за понатамошна постапка, а против Е.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
извор: МВР