Американската полиција го уапсила Бредли Гелерт, 32-годишен финансиски советник, поради насилство во домот. Се карал со сопругата, почнал да вреска по неа и потоа ја гаѓал со се што ќе му дојдело во рацете. Наводно, ја грабнал за вратот и ја гушел. Некако успеала да побегне и го пријавила кај шерифот. Полицијата утврдила дека неименуваната жена во еден момент била и на земја поради што има гребнатини, а и црвени траги на вратот.


Маицата “Го сакам својот брак“ е промотивна и се поврзува со филмот “Fireproof” од 2008 година со Кирк Камерон во главна улога. Се работи за пожарникар кој доживеал религиозен пресврт, а истовремено се обидува да си го спаси бракот.