Со мото дефилето „Носам кацига-легално е“, денеска општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, ги заврши предвидените активности поврзани со републичката кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“.

Превентивните активности, во кои самоиницијативно се вклучија и повеќе граѓани и туристи, општинскиот Совет за безбедност ги реализира во соработка со РСБСП, локалната самоуправа, детската градинка „Јасна Ристеска“, велосипедските и мото клубовите од Охрид како и со полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Охрид кои преземаа безбедносни мерки на сите места и сообраќајници каде се одвиваа активностите но и делеа едукативни материјал со совети за поголемо внимание и одговорност во сообраќајот.

-Со оваа сообраќајна манифестација, се направи обид повеќе за едукација и подигнување на сообраќајнaта култура кај граѓаните, јакнење на совеста за одговорно учество во сообраќајот, а посебно кај ранливата категорија, за почитување на сообраќајните правила и прописи, за обврзно носење на заштитна кацига при управување со мотор, некористење на мобилен телефон при управување со моторните возила, исклучиво користење на пешачките премини за безбеден премин преку коловиозите односно за севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. – истакна Стефан Димовски, претседател на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот.

Во рамки на кампањата што започна на седми овој месец, општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот уште ги реализира акциите: „Дојди на точак во 10“,„ Сообраќаен час во панорамски автобус““, „Безбедно вози-без алкохол вози“, „Вело-мото патрола со полицијата“, ,„Мобилниот не е попаметен од тебе“ и ,„Барам зебра-преминувам само на пешачки“.

OhridNews