Британецот Најџел Пули од Сомерсет, кој како дегустатор на сирење секоја година одбира повеќе од 12 илјади тони сирење од врстата цедар, го осигурал својот нос на пет милиони фунти. Благодарејќи на својот осетлив нос компанијата за која работи 12 години заработува околу еден милион фунти за една седмица.
Пули вели дека е многу убаво кога ве ценат толку многу. Вели дека доколку не бил тој ќе немало кој да обезбеди квалитет на производот. Вели дека сепак не би сакал да дојде во ситуација да го наплати осигурувањето бидејќи носот многу му се допаѓал.