Норвежанец лажирал десетгодишна битка со рак,и на тој начин подигнал повеќе од милион норвешки круни (117.000 долари) на име на донации од пријатели, семејството, но и од потполни странци, за неговиот `третман`, пренесува „Макфакс“.

Мажот кој има 46 години, ги лажел членовите на неговото семејство и неговите пријатели кои верувале дека му е потребен третман, но успеал да земе пари и од други луѓе кои имале рак, продавајќи им наводен лек за рак online.

„Случајот ги допре неговите посвојуачи, родителите на сопругата, неговите браќа и сестри, нивните сопрузи“, вели Ричард Род, од полицијата во Хедмарк за норвешкиот весник Aftenposten.

За неговата приказна да е поуверлива тој редовно патувал во германскиот град Бремерхавен, каде наводно го добивал третманот, а полицијата тврди дека таму одел како на одмор.

„Исто така, креирал маил адреса од каде му стигнувале известување наводно од центарот каде го добивал третманот за ракот, напишани на англиски“, вели Род.

Од потполни странци на Facebook преку група за поддршка собрал 23.500 долари.

„Овој случај е поразличен од другите измами затоа што е полн со цинизам и бездушност. Работата е емотивна, а предизвикал грижа кај многу луѓе долго време кои мислеле дека тој има рак“, вели Род.

Тој снабдил други двајца пациенти со наводен лек за рак, а всушност биле апчиња со Б витамин, купени во локална продавница, при што од едниот наплатил 11.700 долари, а од другиот 4.700 долари.

Мажот се соочува со можна казна од шест години затвор, на судењето закажано за 8 октомври.

OhridNews