Среќата и приновите очигледно одат во пар во семејството на норвежанката Хеге Занет Окснес, бидејќи секогаш кога оваа жена ќе роди дете, некој во нејзиното семејство добива на лото. Таа рекла дека ова е неверојатно бидејќи не играле лото толку често. Нејзиното семејство подигнало 12,2 милиони круни во третата лото добивка во последниве шест години. Окснес, која продава хот дог на бензинска пумпа, своето прво дете го родила во 2006 година, еден ден откако нејзиниот татко Леиф добил 4,2 милиони круни на лотарија.
Три години подоцна, премина вредна 8,2 милиони круни добила таа самата, само еден ден пред породувањето со второто дете. Магијата повторно проработела овој викенд, кога нејзиниот брат Торд, само неколку месеци по раѓањето на детето добил на лото. Таа сметала дека магијата можеби треба да се прекине, имајќи го во вид не само стекнатото богатство, туку и бројот на децата. Таа од својата добивка на лото купила нови автомобили и малку прошетала низ светот, додека поголемиот дел од парите го наменила за купување на имот на кој ќе ја изгради куќата од соништата.