Селекцијата на Норвешка се искачи на највисокото место на пиедсталот во европскиот женски ракомет, триумфирајќи на континенталниот собир кој изминативе две седмици се одржуваше во Данска. Норвежанките во мега пресметката во големото финале ја совладаа Франција со 22-20 (14-10).
Почетокот од финалниот натпревар им припадна на французинките, кои успеаја да поведат со 4-2. Но, норвежанките на негативата одговорија со 5-0 и водство од 7-4. Разликата до 20-та минута стигна до пет голови (11-6), а, Норвешка на одмор замина со четири голови позитива (14-10).
Во вториот дел, французините постепено ја намалуваа разликата и дојдоа до водство 19-18. Сепак, во драматичната завршница, Норвешка се снајде подобро и освои нова, вкупно осма титула на евро-шампионатите.
Во најава за големо финале, селекцијата на Хрватска во мечот за бронзен медал ја совлада Данска. Хрватките славеа со 25-19.
OhridNews