Додека речиси сите земји во Европа се соочуваат со големи долгови, Норвешка има еден навистина невообичаен “проблем” – државата има премногу пари кои не знае каде да ги потроши.


“Сите земји околу нас се присилени на буџетски рестрикции само за да се спасат од банкрот, а нашиот најголем предизвик лежи во фактот што богатството стекнато од нафта е толку големо што постои опасност залудно да го потрошиме инвестирајќи во проекти кои не се доволно исплатливи” изјавил Ејстин Доерум, главниот директор на најголемата банка во Норвешка.

Благодарение на развиената нафтена индустрија, невработеноста во оваа земја се доближува до нулата додека просечната плата на работниците е речиси 70% поголема од онаа во другите европски земји.