Норвешка се приклучи на шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, објави Министерството за надворешни работи на таа земја на својата веб-страница.
Ја поддржуваме Европската унија во воведувањето санкции кон Русија со цел да се изврши притисок врз владата и нејзиното раководство. Сега забрануваме увоз на нафта од Русија во Норвешка по морски пат. – наведе норвешкиот министер за надворешни работи Аникен Хитфелд во соопштението.
Норвешка, исто така, воведува санкции за 65 руски државјани и 18 руски организации.
OhridNews