Норвешката влада во обид да го реши растечкиот проблем со недостаток на места во затворите побарала помош од соседна Шведска да и изнајми простор во тамошните поправни установи, соопштило норвешкото министерство за правда. Во писмото кое оваа седмица норвешкиот министер за прадва Андерс Анундсен го испратил до шведската колешка Беатрис Аск, објаснил дека ситуацијата во земјата го приморала да се сврти кон невообичаени методи.

Анундсел навел дека знае како во Шведска има празни места и дека планираат гаснење на некои затвори. Затоа сакал да предложи изнајмување на затворски простор. Во Норвешка издржување затворска казна моментално чекаат 1200 лица поради недостатокот од места во затворите, соопштило министерството. Бројот на затвореници во Шведска помеѓу 2004 и 2010 година паднал за еден процент, а помеѓу 2011 и 2012 година за дури шест проценти и сега изнесува околу 4300 затвореници. Во таа земја има 82 затвори, а минатата година биле затворени четири такви установи.