Норвешка ѝ донираше на Украина 22 самоодни хаубици, вклучувајќи резервни делови, муниција и друга опрема, соопшти денеска норвешкото Министерство за одбрана.

Норвешката Влада од безбедносни причини чекаше со јавното објавување на донацијата. Идните донации можеби нема да се објавуваат или коментираат, се вели во соопштението на норвешкото министерство.

И полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера изјави дека неговата земја со Украина го склучува најголемиот договор за испорака на оружје за Киев во последните 30 години.

За време на неговата посета на фабриката за оружје Хута Сталова Вола (ХСВ), Моравјецки објасни дека договорот вклучува испорака на повеќе од 50 хаубици во Украина во вредност од 650 милиони евра.

OhridNews