Најдобар животен стандард имаат граѓаните на Норвешка, Австралија и Исланд а најлошо се живее во Нигер, Авганистан и Сиера Леоне. Во Нигер животот просечно трае околу 50 години – за околу 30 години помалку од оној во Норвешка. Најдолго живеат јапонците 82,7 години, додека во Авганистан просечниот животен век е 43,6 години.
Во Норвешка се живее најдобро – Осло
Највисока вредност на БДП по глава на жител – 85,383 долари има Лихтенштајн, а најсиромашни се луѓето во Конго, каде просечната плата по човек годишно изнесува само 298 долари.
Индексот на Програмата на ОН за развој е изработен според податоци од 2007 година за Бруто домашниот производ по глава на жител, образованието, траењето на животот и други критерии.
Од земјите во Централна и Источна Европа највисок индекс има Словенија 0,929 и се наоѓа на 29-то место во светот. Од Балканските држави највисок индекс има Грција – 942 ( 25-тото место) , пред Романија, Црна Гора и Србија кои се на 63-то, 65-то и 67-то место. Албанија е рангирана на 70-то место, Македонија на 72-то и.т.н.