Норвешката Асоцијација на агенции за едукација на возрасни во соработка со издавачката куќа „ФЕНИКС“ од Скопје, донираше книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, Факултетот за организациони науки и туризам и за администрацијата во Локалната самоуправа.

Станува збор за издание на „Политичката Филозофија“ кое е финансирано со средства на Владата на Кралството Норвешка. Вредноста на книгата, меѓу другото, е во тоа што таа е истовремено и извонреден учебник но и популаризиано читање на политичката филозофија за поширокиот круг љубители на книгата. Ова  било истакнато  на средбата на претставниците на Норвешката Асоцијација на агенции за едукација со одгопворните лица од општинскиот сектор за образование, библиотеката и ФТОН, што вчера се одржа во просториите на локалната самоуправа.

Целта на донацијата е да се зголеми интересот на читателската публика во услови кога средствата за издавачка дејност се ограничени, особено во однос на стручната литература, се вели во информацијата што ја лиферуваше локалната самоуправа.

ohridnews