За време на целиот свој престој во Охрид, најдобриот сопран на денешницава ќе биде опкружена со обезбудваање , покрај кое нема да може пиле да прелета. Дивата во Охрид доаѓа со еден куп белешки.
– Добивме долга листа на барања – вели за ohridnews директорот на фестивалот Тони Симоновски. За време на целиот престој ќе има ВИП третман. Од долгата листа би ја издвоил желбата на дивата во апартманот и во автомобилот да има озонери. За џентлеманите кои сакаат да и поклнат букет цвеќе, да знаат дека мора да биде составен исклучиво од орхидеи. Користи не парфимирани марамици и ја конзумира само водата “Евиан“.
Во придружба на Норман доаѓа и оркестарот кој ќе брои неверојатни 250 луѓе . Во време на одржување на концертот ќе биде одржана генралната проба на која нема да е дозволено ниту снимање и ниту сликање.
Единствено Македонската телевизија која ги има еклсузивните права за фестивалот ќе добие интервју со Американката.