Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на 693,65 метри надморска височина, што е само еден сантиметар под просекот за мај (693,66 м.н.в.).

Моменталната температура на водата во Охридското Езеро е 11 степени, додека мајскиот просек изнесува 15 степени Целзиусови.

Во релативно добра кондиција е и реката Сатеска, која е 8 сантиметри под просекот за овој период од годината, додека значително опаѓање на нивото бележи Црн Дрим. Оваа река чиј водостој се контролира со испустот од Охридското Езеро кај Струга, во моментов е 82 сантиметри под просекот за месец мај (149 сантиметри).

Г.М.