Екипи на „Проаква“ успешно ја завршија интервенцијата на водоводната
линија, поради која делови од градот денеска повеќе часови беа без вода за пиење.

Поради изведба на главен приклучок на водоводната мрежа за горната
зона од градот, прекин во снабдувањето
со вода имаше на улиците „Нада Филева“, „Бранко Шотра“ и делови од
улиците „Климентска“, „Илинденска“, „11-ти Октомври“, „Методи Патчев“ и
„Григор Прличев“.

Околу 14.30 часот водоснабдувањето во овие делови од градот е нормализирано, не информираа од јавното претпријатие.

Ohridnews