Снабдувањето на Охрид со електрична енергија е нормализирано нешто пред 20 часот.

Поради преоптовареност на системот центарот на градот и повеќе други населби околу 17 часот останаа без електрична енергија, а прекините со паузи траеа околу два часа.

Екипи од ЕВН- подружница Охрид го отстранија дефектот кој како што бевме информирани бил предизвикан од енормното зголемената потрошувачка на електрична енергија во новогодишната ноќ, поради што дошло до испад во електро-мрежата.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ги вознемири охриѓани и бројните гости, но за среќа дефектот е отстранет а снадбувањето на градот со струја нормализирано.

Ohridnews