Сообраќајот на магистралниот пат Охрид -Скопје, од синоќа во 22 часот е нормализиран и денеска се одвива нормално. Сообраќајот на оваа прометна делница вчера од 16:15ч. беше блокиран кај селото Врбјани
од товарно возило со албански регистарски таблички кое по судир со автомобил „југо“ со скопски регистарски таблички се превртело и ги попречило двете коловозни ленти.
Во судирот нема загинати, а учесниците се здобиле само со полесни повреди. Камионот, како што не информираа од МВР бил товарен со градежни матерјали поради што за расчистувањето на магистралата беа потребни цели 6 часа. Во тој период наизменично се пропуштаа само лесните возила.
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Скопје денеска е одвива тековно и без застои.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com