Авиосообраѓајот над македонското небо е целосно нормализиран по двочасовниот штрајк што утрово го одржаа контролорите на летање на охридскиот и скопскиот аеродром.

Поради штрајкот во периодот од 10 до 12 часот на аеродромите во Охрид и Скопје немаше слетувања и полетувања на авиони, а единствено беше овозможен прелет на авионите над македонска територија.

На ваков потег контролорите на летање се одлучија по најавите на Управата за јавни приходи за наплата на милионски суми од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство инкасирани по основ на поврат на ДДВ. Вработените во агенцијата сметаат дека нема основа за таква наплата поради што најавија дека ќе штрајкуваат секој четврток, се додека УЈП не се откаже од своите намери.

Ohridnews