Возачот на Мекларен Ландо Нарис го освои првото место во денешните квалификациите за Големата награда на Холандија.
Дваесет и четиригодишниот Британец по трет пат оваа сезона ќе стартува од пол-позицијата. Својот најдобар круг Норис го извозе за 1 минута 9,673 секунди.
Втор во квалификациите беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул (+0,356 секунди), додека другиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри (+0,499) е на третата позиција.
Џорџ Расел (Мерцедес) ќе стартува од четвртото место. Серхио Перез (Ред Бул) е на петтата позиција, Шарл Леклер (Ферари) е шести.
Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Холандија ќе се вози утре со почеток во 15 часот.
OhridNews