Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур.

Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316).

Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени знамиња. Шпанецот не доби време и заврши на 10. место. Шарл Леклер го ресетираше времето на кругот поради прекршување на границите на патеката во вториот свиок, заврши 9-ти.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

OhridNews