Нова студија со помош на сателит открила дека вештачкото осветлување ширум светот станува се посветло и посветло, произведувајќи поголемо светлосно загадување во текот на ноќта, пренесува „Los Angeles Times“.

Овој загрижувачки тренд има последици како по околината, така и по човечкото здравје.

Истражувачите откриле дека во месец октомври секоја година од 2012-2016 интензитетот на вештачкото светло се зголемувала за 2,2% годишно, а зрачењето за 1,8%. Покрај тоа, областите кои веќе биле осветлени кога започнало истражувањето во 2012 година, станувале посветли за 2,2% годишно.

Најбрз раст на вештачко осветлување има во земјите во развој, односно во региони во Азија, Африка и Јужна Америка. Земјите кои веќе се силно осветлени, како САД и Шпанија, делувале стабилно. Само кај мал број на земји кои се во војна, како Јемен и Сирија, е забележан пад на нивото на вештачко осветлување. Но, дури и во стабилно осветлените земји, нивото на светлина расте, велат научниците.

Сините ЛЕД сијалици се особено штетни. Ова е последица од тоа што голем број добро осветлени градови ги имаат заменето жолто- портокаловите натрумски сијалици со штедливи ЛЕД сијалици.

Сините ЛЕД сијалици многу им сметаат на ноќните животни, истакнуваат истражувачите.

Ова е загрижувачки затоа што сме уверени дека вештачкото осветлување е загадувач на околината, со еколошки и еволуциски импликации по многу организми, од бактерии до цицачи, вклучувајќи не и нас луѓето, како и способноста за преобликување на цели екосистеми- изјавува Франк Колкер од Институтот за екологија, вода за пиење и рибарство Либник, еден од авторите на студијата.

Благодарение на електричниот свет, надворешното светло има стапка на раст од 3-6% годишно во втората половина на дваесеттиот век. Иако ова придонесува за човечката продуктивност и безбедност, има и своја мрачна страна- ноќта веќе не е доволно мрачна.
Половина од Европа и четвртина од Северна Америка сега се соочува со сериозен модифициран циклус на “светло-темно“, соопштуваат авторите на студијата нарекувајќи ја оваа појава широко распространето “губење на ноќта“.

Светлосното загадување може да има сериозни последици по живите суштества кои еволуирале во склад со нормалниот циклус “ден-ноќ“, на планета на која главниот извор на светлина ноќе била Месечината, како и моменталните извори вулканите, громовите, шумските пожари и арктичката светлина.

Гледајќи од еволуциска перспектива, вештачкото светло во текот на ноќта е нов извор на стрес. Проблемот е во тоа што светлото се поставува на места и во време во кои природно го нема и многу организми не можат да се прилагодат на овој нов извор на стрес, вели Холкер.

Тоа е голем проблем, со оглед на тоа што 30% од ‘рбетниците и 60% од без’рбетниците се ноќни суштества. Светлосното загадување ги погодува и растенијата и микробите, односно клучните врски меѓу видовите како на пример опрашувањето на растенијата и ширењето на семињата од страна на ноќните суштества.

-Ова му пречи на биодиверзитетот по пат на промена на ноќните навики, по пат на репродукција или миграција на голем број различни видови – инсекти, водоземци, риби, птици, лилјаци и други животни. Луѓето исто така се погодени од вештачката светлина затоа што постојат одредени психолошки процеси кои се одвиваат во текот на денот и одредени процеси кои се одвиваат во текот на ноќта, а тие често работат еден против друг, нагласува Холкер. Затоа дејствувањето против нашиот биолошки часовник ден- ноќ (на пример ноќна смена), може да доведе до низа проблеми како депресија, дебелина и дијабетес.

И, се разбира, колку е поголемо светлосното загадување, гледаме помалку ѕвезди, па на астрономите им е отежнато проучувањето на небото со земските телескопи.

-Заинтересирани сме за соработка со градовите и владите, како и индустријата за да изнајдеме начини да го промениме овој тренд- заклучува Кристофер Кајба од германскиот Истражувачки центар за геонаука, водач на студијата.

OhridNews