Куратица викендов срамежливо ги покажа своите адути на зимски туристички центар. Локалците организираа ноќно скијање/санкање, што беше провокација за голем број рекреативци. Дел од нив на скии, други на санки и најлони уживаа во природните терени на 1100 метри надморска височина. Плановите на локалната заедница се Куратица да прерасне во ски центар за што во план е поставување на жичара. Да не биде само како таа на Галичица, која и покрај силните најави никако да се изгради.


Ноќно скијање во Куратица

фото: Васко Бујароски