Нималку убаво изненадување доживеале патниците на ноќниот воз од Шпанија кои се разбудиле во погрешен град. Дел од патниците завршиле во Цирих наместо во Мадрид, додека 105 од нив наместо во Цирих се разбудиле во градче близу границата со Италија.
До грешката дошло при пресложувањето на вагоните во Лион. Рутинската работа која се одвива секоја ноќ, дел од вагоните ги престројува за Милано, а дел за Цирих. Меѓутоа таа ноќ вработените немале најдобар „ден“, па вагоните ги испратиле во погрешни правци.